Бизнисот не може да ги издржи енергетските удари, и бара од владата итни мерки за помош. Една од нив е замрзнувањето на маржите на цената на струјата што енергетските компании му ја продаваат на бизнисот. Сојузот на стопански комори предупредува дека ова што се случува е закана за клуч на врата, не на голем дел, туку на најголем дел од претпријатијата.
– Во глобални рамки отворениот енергетски пазар е надвор од контрола. Не постои производ или услуга која може да поднесе цена на струја од 600 или 700 евра за мегават час, односно не постои компанија што може да го покрие овој трошок без многу сериозни последици. Исто така домашните производи со овие цени на електричната енергија се целосно неконкурентни на надворешните пазари, бидејќи во соседните земји струјата се продава по цени кои се движат помеѓу 50 и 85 евра за мегават час. Слободниот енергетски пазар не треба да значи и пазар без никаква контрола, рече на прес-конференција Трајан Ангелоски, претседател на ССК.
Ќе одговори ли позитивно Владата на предлозите на бизнисмените или не? Од 1 ви септември Македонија е пак во енергетска кризна состојба, а тоа значи дека Владата ќе им целосно право да го менаџира државниот буџет онака како што сака.