Вообичаено, првите големи дождови ги покажуваат мааните на реконструираните улици. Така е и со улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопска Кисела Вода чие неколкумесечно поправање заврши неодамна.
Но, вчерашниот пороен дожд веднаш ги откри и пропустите. Една од шахтите за одвод на атмосферските врнежи очигледно не е направена како што треба па во неа не може да се слева насобраната вода. Па така, водата се собира покрај ивичникот и создава проблеми како на возачите така и на пешаците.
Пропустот треба да се исправи бидејќи ваква шахта не си ја врши функцијата. А тоа значи дека и по реконструкцијата треба да следи нова реконструкција…