Ќе се подобрувал Собранискиот ТВ канал, а пратениците…

Пристигнува техничка новост од македонскиот парламент. Имено, во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку кој граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците и за функционирањето на Парламентот.

Како што се соопштува, новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а истовремено со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг персонал. Потоа, треба да започне со пробен период на работа.

Сето најавено е добро што ќе се прави. Но дали граѓаните ќе сакаат да ја го гледаат Собранискиот канал најмногу зависи од тоа како работат пратениците. Народните избраници ќе се подобрат како и каналот или тие ќе си останат со истите навики, наративи и делувања?

Претходна вестСончево со умерен северен ветер
Следна вест174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење