Ќе се затвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град Благоевград, кој беше отворен пред шест месеци, се затвора. Ова на Фејсбук го соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.

-Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов, околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“ и Атанас Мазнев, претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин, добивме информација дека по шест месеци, клуботќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата, објави Кирјаков синоќа на Фејсбук.

Тој додава дека иако планот беше Клубот да биде гнездо за сите Македонци, македонските членови на ОМО, Илинден, раководство не ги пушти во Клубот.

-Да потсетиме и дека раководство на Клубот бараше мито од 150 лева (75 евра) месечно за кирија од членовите на ОМО Илинден, иако целата кирија за Клубот ја плаќаше македонската дијаспора, пишува Кирјаков.

Претходна вестМеѓународната книжевна манифестација „Вавилон” денеска и утре во Скопје
Следна вестУкраден штитот на Александар Филхелен од мостот на цивилизациите во Скопје