Темно Режим Светло Режим

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон” денеска и утре во Скопје

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје. Свеченото отворање ќе биде денеска, во 11.00 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, а за утре е предвидено читањето, во 11.00 часот, во Галеријата Даут пашин амам.

На манифестацијата ќе настапат еминентни домашни и странски поети, известуваат од ДПМ, организатори на „Вавилон“.

Од ДПМ информираат дека годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон” се Игор Мировиќ, поет од Војводина и македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Признанието „Македониум” ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на Македонија во: Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб.

Претходниот Пост

Ивана Петковска од коалиција „Сите за правично судење“: Членовите на Судскиот совет да си поднесат колективна оставка

Следниот Пост

Ќе се затвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград