Клековски и Аџигогов ги презедоа новите директорски функции во Фондот за здравствено осигурување

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на ФЗОРСМ. Досегашните директори М-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и Д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата на РСМ.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.

Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот. Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

Претходна вестУапсена кавадарчанка која му се заканувала на сопругот, зад решетки и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка
Следна вестМакедонија ја потпишала изјавата за повлекување на законот за странско влијание во Грузија