Клековски: Не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија

Јас би сакал пречката која што е на нашиот пат кон ЕУ да биде Холандија и нејзиното барање да се справиме со криминалот и корупцијата. Дури и Холандија да ни стави вето не би се бунтувал бидејќи има високо ниво на корупција и криминал во Македонија, истакна синоќа Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ со емисијата „24 Отворено” на 24 ТВ. Тој одговараше на прашањето дали уставните измени се пречка за започнување на преговори со ЕУ.

Клековски посочи дека стравува и да се промени Уставот на Македонија, Бугарија можеби би имала нови и нови барања.

-Затоа јас сметам дека не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија. Во меѓувреме треба да се справиме со криминалот и корупцијата за да не добиеме вето од другите земји членки на ЕУ, истакна Клековски.

Клековски додаде дека секој граѓанин во државата посакува Македонија да стане членка на ЕУ. Но, поради лошите политики на владата на СДС и ДУИ Македонија заостана во многу области.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа кај Младеновац, има загинати, над 20 лица се повредени
Следна вестАхмети од Мала Речица ќе ги каже следните чекори на Европскиот фронт