Темно Режим Светло Режим

Клупи за стоење на улица „Македонија“

Секаде низ Скопје фалат клупи, а на централната градска улица „Македонија“ како да има вишок. Три клупи и нова рамка за паркирање на велосипеди веќе со години стојат неискористени на средишниот дел од улицата. Клупите и рамката станаа неупотребливи откако до нив се постави лимената ограда за градилиштето на новата црква.

Но да расчистиме, тие се неупотребливи за седење, ама не и ако на нив застанеш, па си ѕирнеш што има позади тарабите – дали може некој пак ќе почне да ја гради заборавената црква.

Е, ај не биди задоволен од далекугледоста на нашите градители и поставувачи на клупи.

Претходниот Пост

Казнети 437 лица, не носеле заштитни маски

Следниот Пост

Конечно поднесена кривична пријава за бесправно градење пред „Мавровка“