Клупите ли ќе останат како спомени за зелените билборди?

Кога беа поставени пред неколку години зелените билборди во центарот на градот и во општина Аеродром беа најавени како големи прочистувачи на воздухот. Се велеше дека се големи прочистувачи на загадениот воздух, дека мововите и другите растенија кои се насадени во нив имаат способност да неутрализираат и до 240 тони јаглерод диоксид годишно

Но, по година –две прво се се исушија тревките на оваа инсталација, лоцирана пред хотелот „Мериот“, за која повеќе домашни и странски фирми донираа 25.000 евра а сето тоа координирано преку невладината организација „Екосвест“. Потоа на ред за исушување дојде и тој кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром. Првиот беше предаден на грижата на Градот Скопја е вториот на општина Аеродром. Очигледно е дека недоволната грижа си го направила своето. Билбордите сега не ја исполнуваат функцијата и од нив единствено што може да се користи се клупите во подножјето.

Дали, навистина, нешто не може да се направи за да овие зелени билборди повторно станат употребливи? Ова е прашање на кое треба да одговорат како оние кои го иницирале нивното поставување така и оние кои требало да се грижат за нив. Вака, како што се оставени тие само го нагрдуваат просторот а тоа не му е потребно на градот.

Претходна вестЈакимовски: Имало сериозни недостатоци при изведбата на паднатиот плафон
Следна вестШкупи го доби Линколн за противник во првото квалификациско коло од ЛШ