Кога ќе се казни барем еден пироман што ги пали контејнерите?

Како реагираат градските и државните институции на честата појава да се палат и уништуваат контејнерите во Скопје? Се прави ли доволно за да се спречи оваа неприфатлива навика на болните скопски пиромани?

Најава дека трите запалени контејнери ќе бидат заменети со нови и апел до граѓаните да не ги палат е она што градските власти го направија како одговор на последниот ваков вандализам кој се случи неодамна во Дебар маало. Доволно ли е тоа? Истата реакција беше и во случаите на досегашните палења на контејнерите по градот. А ги немаше малку.

Да, замената со нови контејнери е соодветна. Но тоа не ги спречува потпалувачите…, напротив бидејќи никој не ги гони, тоа ги охрабрува да си продолжат со своето уништување на скопскиот имот.

Само во минатата година беа запалени седумдесет контејнери од кои десет се нови. Во 2019 година вандалите уништија околу стотина, исто како и во годините пред неа. Просечно, секоја година на градското комунално претпријатие му се нанесува најдиректна штета од околу 30-тина илјади евра, а кој потоа се подмирува со парите од граѓаните.

Во меѓувреме, никако да се најде начин да запрат палежите. А лекот е едноставен: да се најдат и казнат оние кои тоа го прават. Апсурдно звучи но факт е дека до сега не е пронајден ниту казнет вандал кои ги пали контејнерите. Зошто?  

Претходна вестСкопјани фатени на дело како превезуваат 6 мигранти
Следна вестПендаровски повикуваше на компримис за пописот, ќе го потпише ли сега законот?