Пендаровски повикуваше на компримис за пописот, ќе го потпише ли сега законот?

Најавениот попис на населението се уште го потпалува политичкото живеење во Македонија. Сега се чека дали законот за негово спроведување ќе стапи во сила.

Претседателот на државата Стево Пендаровски деновиве треба да реши дали ќе го стави потписот на донесениот Закон за попис на населението што деновиве беше усвоен во македонскиот парламент. Пред него се две опции: да го потпише законот со што тој ќе стапи во сила или да одбие тоа да го направи по што актот повторно би се вратил во собраниска процедура. Во случај на повторно изгласување шефот на државата е должен да го стави својот параф.

Пред да биде донесен законот Пендаровски имаше интервју за државата агенција МИА во кое побара да се постигне компромис околу овој закон меѓу власта и опозицијата. Тој упати и порака да се прифатат конструктивните предлози на опозицијата.

-Разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона. Но, би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, изјави претседателот на државата.

Барањата и предлозите на опозицијата не беа прифатени во расправата од владеачкото мнозинство. Сега на потег е Пендаровски, да покаже дали останува на ставот дека е потребен компромис.

Од кабинетот на Претседателот велат дека Пендаровски е во консултации со правни експерти па потоа ќе види дали ќе го потпише законот за попис.

Претходна вестКога ќе се казни барем еден пироман што ги пали контејнерите?
Следна вестПроменливо облачно, кон крајот на денот врнежливо