Променливо облачно, кон крајот на денот врнежливо

Времето во Скопје во утринските часови е со појава на магла. Метеоролозите најавуваат дека во текот на денот ќе биде прoменливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер.

На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

 

Претходна вестПендаровски повикуваше на компримис за пописот, ќе го потпише ли сега законот?
Следна вест228 санкционирани возачи во Скопје