228 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестПроменливо облачно, кон крајот на денот врнежливо
Следна вестЦаровска: Новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој