Уште една убава приказна за спасување на живот на предвремено родено бебе, сподели денеска Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Се работи за бебето Едон Спахију кое кога беше родено тежеше само 940 грама.
-Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство. По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции. Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама. На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа, објави Клиниката на својата Фејсбук – страница.
Клиниката искажа и благодарност до родителите за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон.