Во земјава најмногу се бараат работници за едноставни работи на производствена линија, општи работници, хигиеничари, продавачи, програмери, келнери и шанкери, шивачи, возачи на камион, обезбедувач иза заштита на лица и имот, ѕидарски, армирачки, тесарски работници…
Според директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири ова се најголем број од огласите што ги добиваат.
На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6 000 до 7 000 слободни работни места, каде агенцијата се јавува само како посредник на работодавачите.