Вандализмот нема граници во Скопје. Институциите кои треба да ја спуштат рампата за вандалите некако слабо делуваат.
Втор ден полицијата и општината не зборуваат во врска со вандализмот што завчера вечерта се случи во Чаир, во близина на парк шумата Гази Баба. Имено жителите на Чаир вчера утрото пронашле искршени и исечени млади дрвца. Кои не биле земени, туку само уништени.
Жителите веднаш пријавиле во полиција, а го информирале и градоначалникот. Но, од никаде нема информација што се случило и кој ги уништил дрвјата.
Ќе се штитат ли општествените добра како што треба? Зошто е толку тешко да се трага и да се открие кој го направил тоа? Ова е особено важно заради тоа што ова не е прв пат да се уништува парк шумата Гази Баба, а речиси никогаш не се дознава дали некој е фатен и санкциониран.
Дали на општината и се неопходни повеќе инспектори, за да може да се контролила теренот почесто? Каде се чуварските служби и зошто никој не забележал ништо? Вандализмот во шумите и шеталиштата во Скопје е многу честа појава, но нејасно е зошто ако се потребни поголеми контроли или санкции истите не се применат.