Кој ги произведува и каде требаше да стигнат 2-та тони марихуана украдени од Јосифово што завршија во Арачиново?

Доцна синоќа пронајдени се 2 тона марихуана во камион во скопско Арачиново. Се претпоставува дека се работи за украдените 2 тона од струмичкото село Јосифово, уште во четвртокот. Неофицијално, украдениот камион со робата бил неколку дена паркиран на Кванташкиот пазар, а бил „уловен“ во скопско Арачиново оти полицијата чекала да види кој ќе го преземе. Полицијата ги даде овие неофицијални информации откако скопјани пријавија дека слушнале пукање во селото доцна синоќа. Сепак, МВР ги најави сите детали за денеска.

Веста дека се украдени 2 тона марихуана уште кога беше објавена пред некој ден предизвика бура од реакции:
-2 тона марихуана?!? Па кој има 2 тона марихуана, и тоа на нелегализирана употреба, а тек кога ќе се легализира, тогаш што?! За доручек ли ќе ја јадеме?! Има ли некој со рационален ум кој носи одлуки во оваа држава? – прашува Марко В. на социјалните мрежи откако беше објавена кражбата.

-Кој ли има погон за вакво нешто, да ми е да знам, не е тука веста дека се украдени, туку дека некој ова го произведува луѓе еј?!? Барам јавно да се каже чиј е погонот што произвел 2 тона марихуана во Јосифово, кој е тој што е над законот и за каде била марихуаната наменета? Тоа треба да одговори полицијата. А тоа што го фатиле камионот тоа не е вест, тоа и е работа на МВР, коментира Иван С. од Скопје.

Во исчекување на повеќе детали околу синоќешната акција, за сега е само познато дека се приведени неколку лица.

Претходна вест365 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 25 лица
Следна вест„Филхармонија за Филхармонија“ во четврток во 20 часот