Темно Режим Светло Режим

„Филхармонија за Филхармонија“ во четврток во 20 часот

„Филхармонија за Филхармонија“ е насловен концертот што се организира во четврток, на 10- ти декември од страна на музичарите од оркестарот на Филхармонија. Почнува во 20 часот а ќе бидат изведени дела од композиторот Томе Манчев, но и од П.И. Чајковски, Л.В. Бетовен, Ференц Фаркаш и Бизе.

Музичарите на сцена ќе бидат во следниот состав: Мојца Седеу – перкусии, Весна Ангелова Христов– пијано, Гудачки квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска), Дувачки квинтет (Елена Дојчинова, Владимир Лазаревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Ванчо Стојановски), Дувачко трио(Владимир Лазаревски, Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ) и Брас квинтет (Стефан Илиев, Горан Арменски, Благоја Василевски, Никола Ристевски, Александар Ниниќ).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кој ги произведува и каде требаше да стигнат 2-та тони марихуана украдени од Јосифово што завршија во Арачиново?

Следниот Пост
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Облачно со малку сонце и температура до 12 степени