Облачно со малку сонце и температура до 12 степени

Во Скопје во текот на денот ќе умеренo облачно со повремено сонце, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.

На останатото подрачје на Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Утре повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Претходна вест„Филхармонија за Филхармонија“ во четврток во 20 часот
Следна вестСе празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец, патрон на МПЦ-ОА, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ