Кој тука реално владее и кој ја разнебитува земјата?

Колумна на Владимир Величковски:

 Обичниот човек, замислен и загрижен е немоќен пред самоволието и пустошењето на партиите кои не мислат на народот ниту на неповторливата енергија и талентите на децата кои треба да се негуваат и раскрилат. Нема државна институција која не е подложна од подривачките сили на корупцијата, почнувајќи од образованието, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите Ветуваат дека ќе го обноват Скопје веројатно имајќи на ум дека некој ќе им подари волшебно стапче. Секако, се уште важи народната – дека од главата смрди. Урбаната мафија е невидлива, но мошне конкретно присутна со лажни, лицемерни ветувања дека нема да има лошо градење висококатници, но за кратко време проработеа булдожерите кај бивша „Треска“, на паркингот карши „Холидеј ин“… . Што се случува по пустошењето на езеро Треска, во Чаир, на Водно, во уништеното Дебар маало повикаа полиција?! Ах, да се привршува мовчето во Карпош 3 (на линија со „Сити мол“), при што од новоизградени конфециски еднолични згради целосно се задушија спортските терени. Имаме две големи, речиси нерешливи зла: партиска пренатрупаност и загаденост од секаков вид на целиот град и превработеност со нестручни лица во сите можни институции кои автоматски станаа нефункционални. Токму од нив партиите го создаваат своето гласачко тело за да останат на власт.

Од партизираните медиуми не може повеќе да се разликува автентична проверена информација од дезинформациите: не може да не зачуди ни бизнис информацијата дека власта ќе прави увоз на опрема за коцкарници. Во првиот собраниски состав „пукна“ предлог за отворање јавна куќа! Па токму тоа му затребало на еден крајно осиромашен народ! На што мислат кога ќе речат дека само кај одбрани луѓе во овој напатен народ живее „здравиот патриотски дух“? Има подмитливи луѓе ама некого да наречеш предавник на својот народ е тешко обвинување. Една национална култура почнува да вене кога ќе одбие да припаѓа на универзалната култура. Порано грижливо ја учевме националната историја и како се сака татковината, а денес завладеа општа збрка.

Со европско знаменце (критикувано и од ЕУ) се донесуваат брзи, но важни закони. Тоа се однесува на измените на кривичниот закон, а од министерот за правда се предлага нов закон за амнестија, отворено селективен и тенденциозен. Други не потсетуваат за жртвите од терористичкиот напад во Диво насеље! Продолжуваат и други првокации и уцени во овој домен покрај освојувањето на македонски територии. И во Гази Баба настојуваат да се обезбедат услови за отворање две албански паралелки. Упорно се бара бришење на 20-те проценти албанско малцинство во Уставот. Кој, тука реално владее, и кој ја разнебитува земјата, брише, своеволно варварски се што е македонско?

Скопје е предложен град на културата во Европа. Убаво звучи, но што навистина може квалитетно да се промени во наредните четири години? Да се очисти или реновира центарот на градот, да се постават нови метални плочки со податоци за „монументите“,  да се поправат грдо оштетените бараки на Собранието на градот, да се доврши Универзална и што уште не? Како да се решиме од навиката да го руинираме Скопје, „Комуналец редовно да го расчистува ѓубрето, а со тоа и смрдеата насекаде во градот, секако подобро да се чува редот и да се подигне културата на однесување низ градот- село итн. И повторно ми се наметнува мостот „Беласица“, со кој не знаат што да прават.

Претходна вестГрејната сезона во Скопје почнува утре, цената останува иста
Следна вестМичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел