Кој повеќе ќе го празнува 1 Мај – работниците или неработниците?

Утре се празнува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Тоа е еден вид на празник на вистинските работници. Неработниците (а вработени) празнуваат секој ден.

Што мислите кој повеќе ќе празнува и на споменатиов ден?

Туку, се гледа крајот на маките на вистинските работници. Партиите во изборната кампања им вети се и сешто. Дури се натпреваруваат меѓу себе кој повеќе ќе понуди. На пример дека од 600 до 800 евра ќе биде минималецот, дека над 1.000 евра ќе биде просечна плата, дека…

Фини ветувања. Со нив може да се оди во маркет и да се пазари?

Настрана иронијата, крајно време е за поголема сериозност кон оние кои чесно работат. Зголемените се трошоци за живот, а платите не се зголемуваат. Каде се потребните мерки за да се ублажи ова и работникот да може достоинствено да живее од својот труд?

Квалитетните работници си заминуваат од Македонија. Дури и Србија и Црна Гора почнаа да биваат посакувана работна дестинација.

Ова, зарем не ги загрижува властите, но и многумина од газдите на фирмите? Секој од нив треба да се потруди вистинскиот работник да биде соодветно вреднуван. Секако, и на работниците е вистински да работат.

Кога овие работи ќе се спроведат, празнувањето-одбележувањето на 1 Мај ќе биде многу посодржајна работа, а не како сега – синдикатот ќе каже ред очекувања, власта и газдите ќе дадат ред ветувања, а всушност…

ПС. Темата за вработените-неработници не е соодветна за празникот. Во друга прилика за нив, ги има многу, треба по изборите посебна енергија и реформа тоа да се смени…

Претходна вестЗапочна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта во Центар
Следна вестВработените во ФЗО најавуваат генерален штрајк – бараат усогласување на платите