Вработените во ФЗО најавуваат генерален штрајк – бараат усогласување на платите

Предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата, одржуваат денеска вработените во Фондот за здравствено осигурување. Тие порачаа дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО рече дека доколку до 15 мај не биде донесена одлука по нивните барања ќе започнат секој ден во сите градови по еден до два часа ќе одржат предупредувачки протести, а од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

-Ова е предупредувачки штрајк против Управниот одбор на оваа установа затоа што на минатата седница нашата точка за усогласување на платите со растот на минималната плата беше одложена за после завршување на изборите, односно до формирање на Влада. Изминатиот период вработените во ФЗО штрајкуваа со цел да им остане истата плата. Времената одлука што ја донесе Владата е дека платите ни остануваат исто до 31 мај. Времето се ситни, остануваат 30 дена без да знаеме колкава плата ќе имаме. Треба да се донесе Одлука за усогласување на платата, како и вредноста на бодот по 1 јули, па затоа сакаме да го предупредиме составот на Управниот одбор да не не држи во неизвесност повеќе и да седне да си ја сработи работата. Самите изјавиле дека немаат намера да донесат никаква одлука во следниот период. Останува отворено прашањето зошто Управниот одбор воопшто постои, рече Аџигогов.

Доколку до 15 мај не е реши нивното прашање, Аџигогов најави дека ќе започнат со секојдневни предупредувачки протести во секој град по еден до два часа, како и дека на 1 јуни стапуваат во Генерален штрајк.

-Нашите барања се едноставни, а тоа е усогласување на нашите плати со минималната плата, носење на вредносен бод за да се знае од 1 јуни колкави ќе ни бидат платите и разрешување на Управниот одбор во целосен состав затоа што тројца негови членови биле пензионери и со истечени мандати, нагласи тој.

Претходна вестКој повеќе ќе го празнува 1 Мај – работниците или неработниците?
Следна вестЛазаров повика 20 ракометари за мундијалскиот бараж против Фарски Острови