Верижен судир во кумановско, повредено едно лице

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера помеѓу три возила во Кумановско, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“ се случила сообраќајна незгода.

-Во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „Ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „Ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Претходна вестЛазаров повика 20 ракометари за мундијалскиот бараж против Фарски Острови
Следна вестОбвинителството бара мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт