Обвинителството бара мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт

Барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот, денеска поднесе државното Јавно обвинителство. До ова доаѓа по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење.

-За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, информира ОЈО.

Државната комисија за спречување корупција пред повеќе од една година најави дека поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС.

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Претходна вестВерижен судир во кумановско, повредено едно лице
Следна вест„Трубадур“ од Верди ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери