Колку нови базени се отворија летово во Скопје?

Почнаа жештините во Скопје. Некои скопјани разладување ќе бараат во базените. Колку нови се отворија ова лето? Прашуваме, за комшиите…

Во главниот град со над половина милион население има само 3-4 асли базени, а новите кои требаше да се направат се „удавија“ во неисполнетите изборни ветувања. За жал, состојбата е таква со години  и години– Олимпискиот базен Центар, базенот „Младост“ во Карпош, воениот отворен базен во Аеродром, Аква – паркот во Карпош, базенот „Расадник“, се единствените места со коишто може да се замени одењето на море или на некое езеро. На езерото Треска, на базенот во Сарај, кои некогаш постоеа, одамна е заборавено како опција.

Тоа е далеку од потребите на Скопје, на граѓаните кои би сакале во нив да се рекреираат и за која цел е потребно постоење на најмалку на нови 5-6 базени. Тоа го знаат и во централната и во локалната власт. И ветуваа дека ќе ги направат.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски неодамна најави дека во септември Скопје би требало да добие два нови базена кои се градат веќе долго време. Но, се работи за базени со помали димензии и кои ќе бидат наменети за учениците од прво до петто одделние. За повозрасните граѓани остануваат неисполнети изборни ветување. А нив, посебно на локалните избори во 2017 година, ги имаше и премногу. Кандидатите тогаш  пред неколку години, на локалните избори ги имаше многу. Тогаш се вети изградбата на дури осум нови базени – три во Карпош, два во Ѓорче Петров, еден во Хиподром во Гази Баба, два безена вети Владата во Скопје… И новата скопска градонаалничка Данела Арсовска вети градба на базенот во Шуто Оризари, но и од него нема уште некаква најава.

Очигледно, скопјани ќе пливаат во сопствената пот бидејќи се „удавија“ сите досегашни ветувања дека ќе се добијат пристојни места за рекреација и спорт.

Претходна вестМаж нападнал и допирал 15-годишно девојче во Драчево
Следна вестМакедонските тенисерки убедливи против Исланд