Македонските тенисерки убедливи против Исланд

Женската тениска репрезентација на Македонија славеше со убедливи 3:0 и против Исланд во четвртото коло од Третата Европска зона на Били Џин Кинг купот.

Магдалена Стоилковска беше надмоќна (6:1, 6:0) против Ана Софија Гронхолм, додека Лина Ѓорческа исто така лесно, со 6:2, 6:0 ја победи Софија Солеј Јонасдотир.

Во дубл-конкуренција настапија помладите тенисерки Ива Данева и Александра Симева, кои беа подобри од Гронхолм и Јонасдотир со 2:0 во сетови, славејќи со 6:3 и 6:3.
Македонија утре во последниот меч од групата Б ќе се соочи против Молдавија.

Претходна вестКолку нови базени се отворија летово во Скопје?
Следна вестПронајдени мигранти во скопско „ауди“, возачот побегнал кога ја видел полицијата