Пронајдени мигранти во скопско „ауди“, возачот побегнал кога ја видел полицијата

Вчера околу 06.15 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север забележале дека од патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки излегуваат 12 лица мигранти.

Откако ги забележал полициските службеници, возачот го напуштил местото.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар.

Според полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМакедонските тенисерки убедливи против Исланд
Следна вестЗеленски го потпиша законот за забрана за увоз на книги од Русија