Продолжениот викенд многумина во Македонија го искористуваат за патување. Утрово, како што посочува Макфакс, има долги колони возила на граничниот премин Табановце. За излез од државата кон соседна Србија се чека најмалку половина час.
Инаку, од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.