ВМРО-ДПМНЕ: Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски

Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема опозициска партија реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска побара местата во идната техничка влада предвидени за ВМРО-ДПМНЕ да останат празни се додека најголема опозициска партија не реши да ја поддржи владата.

-Меѓу другото, токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, што Ковачевски истото го одби. Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела, се наведува во партискиот став.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека останува на власта да одлучи.

-Власта треба реши дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување, нагласуваат од оваа партија.

 

Претходна вестСтартуваат Зимски младински игри во Гангвон, настапуваат четворица македонски спортисти
Следна вестТешко повреден пешак во Кочани, возачот избегал