Темен режим Режим на светлина

Тешко повреден пешак во Кочани, возачот избегал

Тешко е повреден 74-годишен пешак од Кочани откако во него удрил автомобил, а возачот побегнал, соопшти полицијата.

-На 18.01.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило удрило во пешакот С.С.(74) од Кочани и го напуштило местото. Во несреќата, С.С се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, информриа МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски

Следна објава

Забрана за автобуси и тешки товарни возила на неколку патни правци, се препорачува носење зимска опрема