Краделе мотоцикл од двор во Тетово, ама…

Фатени крадци на дело. Имено, денеска во 02.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода 21-годишниот М.С. и еден малолетник, двајцата од Тетово. Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа, извести МВР.

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестПритисок врз американскиот министер за одбрана да објасни зошто ја криел вистината од Бајден
Следна вестСедумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати светиот крст во Скопје, во Охрид најбрз беше Никола кој не е од населбата Варош…