Комбе влета во пешаци во Канада, има загинати и повредени

Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, Канада соопшти полицијата. Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција.

Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент. Според информациите, се работи за 38-годишен локален жител.

Инспекторите се уште се обидуваат да утврдат дали инцидентот бил намерен напад или несреќен случај, јавува Би-Би-Си.

Загинале двајца мажи на возраст од околу 60 и 70 години, а меѓу повредените има и деца. Несреќата се случила околу 15 часот по локално време, во градот Амкви со околу 6.000 жители.

Канадскиот премиер Џастин Трудо упати сочувство за несреќата.

Претходна вестСончево и студено време, температура до 17 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра