Слоганите „Вардар ќе живее“, „Едне живот, една љубов“, „Ова е црвено-црниот свет“ како и голем број на факели прексиноќа го одбележаа славањето кое на Националната арена „Тоше Проевски“ го организира навивачката група на Вардар Комити. Тие направија висински спекаткл откако во акцијата за „Спас на Вардар“ во изминатове денови беа продадени околу 32.000 билети за спас на клубот.
-Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.
Оттаму информираа дека билетите биле продадени онлајн, а настанот согласно ковид-протоколите, бил одржан без публика. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, потенцираат оттаму, како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен придонес во организирањето на настанот.
Инаку Вардар живее еден од најтешките периоди во својата историја. Иднината на клубот е се уште непозната, а неизвесно е и како ќе се претстави во пролетниот дел од сезоната откако голем број на играчи вклучувајќи го и тренерот Александар Васоски заминаа од клубот.