Шкупи се лизна против Работнички, Шкендија освои само бод

Денеска во дербито на редовното 22.коло во ПМФЛ Работнички победи против Шкупи со 0:2. Стрелци за романтичарите беа Стојковски во првата и Прелчец во 9-тата минута.

На мечот во Скопје Вардар одигра одлично против Струга Трим Лум која имаше водство од 1:0 со голот на Ристевски од пенал, но момците на Илиевски не се предадоа и со голот на Филип Петковски во 75.минута освоија бод и на овој меч.

Со голот на Пејаковиќ во 41-та минута, Пелистер победи против Борец од Велес.

Без голови завршија градските пресметки , помеѓу Беласица и Академија Пандев и Шкендија со Ренова.

Со освоениот бод Шкендија ја зголеми предноста пред Шкупи на 7 бода и сега има 47 бода во однос на главиот конкурент за титулата кој има 40 бода.

Станува интересно во битката за опстанок, по 23 бода имаат Силекс и Ренова, кои се наоѓаат во плеј аут зоната, додека пак Академија Пандев, која е претпоследна има 22 бода, на дното е Беласица со 13 бода. Вардар засега е сигурен со 27 бода.

foto:sportmedia.mk

Претходна вестВо Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати
Следна вестТешка сообраќајна несреќа во Охрид, загина едно лице