Концерт на Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“

Во Градски парк во Скопје, вечерва во 21 часот ќе се одржи традиционалниот концерт на Филхармонијата, а годинава темата е музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик.

Концертот е насловен „Одисеја 2024“, инспирирано од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“. Ќе диригира Дијана Имери-Илкоска, а ќе бидат изведени музички теми од Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, кои ги одбележаа филмовите „2001: Вселенска одисеја“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

– Кјубрик ја гледал музиката како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен, велат од Филхармонијата.

Претходна вестИзлетувањето од патот кобно за 19-годишно момче од Никуштак
Следна вестБебе почина во Битолската болница под мистериозни околности, таткото бара одговорност