Конечно поднесена кривична пријава за бесправно градење пред „Мавровка“

Конечно се размрдуваат надлежните институции околу дивоградбата кај Мавровка. Имено, Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” на објект бесправно изграден на бул. Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка.

Од страна на СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност „Бесправно градење” и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава.

За потсетување, долго време дивоградбата си растеше, а државните и локалните власти не превземаа ништо бидејќи не можеа да утврдат кој гради.

Претходна вестКлупи за стоење на улица „Македонија“
Следна вестЕден починат, 115 новозаразени и 368 оздравени од корона вирусот