Контролорите на летање нема да штрајкуваат

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше. Причина за тоа е што дел од објавените позициите ги смета за несуштински.

Тасевски денеска соопшти дека штрајкот е откажан од неколку оперативни причини.

-Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот. И понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање, изјави Тасевски.

Претходна вестБеровскиот градоначалник ја врати несоодветната донација на Агенцијата за управување со одземен имот
Следна вестМинистри се пофалија: Ги штитиме шумите, поднесовме 6.000 прекршочни и кривични пријави…