Беровскиот градоначалник ја врати несоодветната донација на Агенцијата за управување со одземен имот

Новогодишни пакети кои требало да ги израдуваат децата всушност ги збуниле. Нивната содржина била несоодветна за намената за која била замислена. На тоа реагирал градоначалникот на Берово каде во училиште се случил настанот.

Пакетите со несоодветна облека што Агенцијата за управување со одземен имот ги додели на учениците од „Дедо Иљо Малешевски“, се вратени, соопшти градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, кој објави фотографии од несоодветната донација односно штикли, сандали и фустани. Тој се извини за ненамерната грешка.

Остатотокот од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата.

По многубројните реакции во текот на вчерашниот ден за донацијата од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, која беше доделена на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“, како нејзин примател, утврдено е дека одреден дел од облеката, во донираните пакети е дефинитивно несоодветна.

Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата.
Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донации, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, напиша Пекевски на својот Фејсбук профил.

Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна за учениците.

Претходна вестЗапочна градењето на булеварот „Хрватска“, за подобро поврзување на општината Гази Баба со Чаир и Бутел.
Следна вестКонтролорите на летање нема да штрајкуваат