Концерт во Филхармонија по повод „Денот на вљубените“

„24 илјади бакнежи“ е концертот по повод „Денот на вљубените“ што ќе се одржи во сабота во Филхармонија. Меѓу песните на програмата се „Еден бакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и др.

Насловот на концертот е извлечен песната од „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена на овој концерт, напишана во 1961 година од Е.Леони, П.Виварели, Л.Фулчи и А.Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второт место. Солист на концертот е нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија и младата македонска вокалистка Светланата Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.

Концертот ќе го води Дијана Имери Илкоска, според многумина една од најнадежните македонски диригенти која своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.

Концертите за Денот на вљубените се традиционална содржина на Филхармонија повеќе години наназад.

Претходна вестКучето Лајка леташе во вселената пред децении, нашата „Лајка“ „скита“ бесцелно
Следна вестПроменливо облачно со попладневен дожд