Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Силјановска-Давкова

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе ја одржи конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата, функција за која се пријави професорката Гордана Силјановска Давкова.

Официјалниот дел на конвенцијата ќе почне во 13 часот, пришто предвидено е обраќање на Силјановска Давкова. Потоа ќе следи двочасовна пауза за гласање.

По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Претходна вестВанковска ги собра потребните 10.000 потписи, тргнува да ги брани интересите на Македонија, наместо да биде марионета на странци
Следна вестСтружанец нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгасне цигарата