Темен режим Режим на светлина

Ванковска ги собра потребните 10.000 потписи, тргнува да ги брани интересите на Македонија, наместо да биде марионета на странци

Од „Левица“ објавија дека професорката Билјана Ванковска, која е нивниот кандидат за претседател на Македонија ги собрала потребните 10.000 граѓански потписи.

-Професорката д-р Билјана Ванковска и официјално го доби легитимитетот да биде претседателски кандидат. Со собраните 10 000 потписи за рекордно време, конечно Левица и работниот народ на Македонија ќе имаат претседателски избори со избор, потенцираат од партијата.

Додаваат дека со тоа, партијата фронтално ќе се пресмета со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а народот ќе има можност да избере претседател кој суверено ќе ги брани националните интереси на Македонија, наместо да биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси.

Професорката Ванковска на фејсбук објави:

-Им благодарам од срце на сите кои со активизам, слободна волја, посветеност и љубов се вклучија во кампањата за собирање на потписите! Огромна благодарност на оние 10,000 + кои излегоа од дома да дадат потпис. Однапред им благодарам и на оние кои најавија дека и во наредните денови, до 8 март, ќе сакаат да ме поддржат. Ние ќе тераме сѐ до Денот на жената, кој ќе го одбележиме како што доликува и во духот на Роза Луксембург и Клара Цеткин.
Конечно , ги поздравувам и оние кои ниту ми посакаа среќа ниту ми честитаа, а се нарекуваат мои пријател(к)и. Можеа од куртоазија да пратат збор, па дури и скришно/приватно, но молкот бил нивен избор. И нека остане на тоа. Во тешки времиња човек открива многу за луѓето и за себе.
Ќе се борам до крај – до 8 мај!Со љубов за Македонија, хуманизмот, социјалната правда, интернационализмот, соработката и мирот, како единствен начин да создадеме пристоен и достоинствен живот за сите наши граѓани, напиша Ванковска.

Инаку, до сега потребните потписи ги собраа Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Радев се сретна со Ердоган и го покани во Бугарија

Следна објава

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Силјановска-Давкова