Вирусот ковид-19 може да преживее на човековата кожа до девет часа, значително повеќе од вирусот на грипот, покажа најновото лабораториско истражување спроведено на Универзитетот во Кјото во Јапонија.
Истражувањето покажало дека со таквото преживување корона вирусот на човековата кожа е четири ипол пати посупериорен во однос на вирусот на грип, кој трае помалку од два часа.
– Развивме модел кој овозможува безбедна репродукција на клинички студии за примена на патогени на човековата кожа и кој откри колку е стабилен вирусот ковид 19, велат авторите.
Научниците од Универзитетот во Кјото во Јапонија добија форензички примероци од човекова кожа за да не се заразат здрави волонтери. Тогаш клетките на кожата беа измешани со примероци од корона вирусот и вирусот на грип А, кој исто така се шири со капки и контакт со луѓе.
Резултатите покажаа дека вирусот на грип живееше на кожата 1,8 часа, а вирусот ковид-19 дури девет часа.
Кога се меша со слуз од примероците на горните дишни патишта, вирусот корона преживеа околу 11 часа во споредба со 1,69 часа за вирусот на инфлуенца. Двата вируси биле целосно деактивирани во рок од 15 секунди со средство за дезинфекција на рацете кое содржело 80 проценти алкохол.
Во моментов, Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат употреба на средства за дезинфекција на рацете со алкохол од 60 до 95 проценти или темелно миење на рацете со топла вода и сапун најмалку 20 секунди. Студиите покажаа дека пренесувањето на ковид-19 се одвива главно преку воздух и капки.
Авторите заклучуваат дека добиените резултати ја поддржуваат хипотезата дека правилната хигиена на рацете е исто така важна за спречување на ширење на инфекцијата со корона вирусот.