Кошаркарите на МЗТ ја имаат првата „меч-топка“ во Битола

За денеска од 18.30 часот во Битола е закажан третиот натпревар од финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром.

Трета година по ред МЗТ Скопје и Пелистер се натпреваруваат кој ќе ја добие финалната серија на плеј-офот и ќе биде шампион. Во досегашните две одмерувања на силите, „металците“ беа и двапати поуспешни од битолчани.

А и во оваа третата, екипата од Аеродром донесе во Битола големи (2-0) во серијата во која шампион ќе биде онаа која прва ќе дојде до три победи.
Скопските „сино-бели“ ќе ја имаат првата меч-топка за 11. шампионска ѕвездичка и продолжувањето на доминацијата во последната деценија на македонската клупска кошарка.

Јасно е дека на оваа средба играчите на Пелистер ќе ја имаат поддршката на нивните фанови. Но, така беше и во финалето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кога „пелистерци“ паднаа буквално во последниот напад, и не испишаа една нова страница во историјатот на клубот од Битола.

Претходна вестСтоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик
Следна вестВенец без име на државата, положи претседателката Давкова на гробот на Кирил и Методиј