Косовец крадел во трговски центар во Скопје

Косовец вчера крадел во Трговски центар во центарот на Скопје. Тој бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Вчера во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово.

Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМихаил Иванов, поранешен советник на бугарскиот претседател Желев: Се приклучувам кон повикот на Пендаровски
Следна вестВМРО-ДПМНE: ЈО веднаш да започне постапка, кај три од четирите компании кои го добија тендерот за надзор на автопатиштата има неправилности и криминал