Косовска полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со пушки и муниција, пренесоа српските медиуми.
-Досега, според информациите од теренот, убиени се тројца напаѓачи, уапсени се двајца напаѓачи и четворица осомничени кои се фатени во нелегално поседување радио комуникации, а се сомничат дека се поврзани со терористичка група, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Се додава дека во доцните часови интензитетот на нападите врз полицајците е намален, но дека безбедносната состојба се уште е тензична.
При контрола на одредени локации, станбени згради и возила, кои, како што наведуваат од Косовската полиција, терористичката група со која ги блокираше патиштата, вклучително и возилата што се наоѓаа околу манастирот во Бањска, беше пронајдена полна со арсенал оружје.
Фото: Принтскрин/Jepi ze