Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека синоќа ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62), соопшти полицијата.
Од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.
Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а осомничениот е задржан во полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.
Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.
-Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка, се вели во соопштението од Обвинителството.




