Што конкретно фајде има Македонија од скапите турнеи на Пендаровски и Ковачевски во САД?

Се вратија ли во Македонија двете поголемки државни делегации по повеќедневните посети на САД? Јавноста е загрижена, се прашува, во исчекување е… сака во Македонија да се – кога е тешко – најважните лидери претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Двајцава беа во Њујорк и други места низ САД. Таму се одржуваше и 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Требаше ли и мораше ли Пендаровски и Ковачевски сосе многу министри и други просутни административци во исто време да се во САД? Не можеше едната делегација да ги заврши сите работи, па нели власта штеди? Пендаровски со себе кaкo што се дознава носеше десетина, Ковачевски околу дваесетина лица. Колку сето тоа го чинеше македонскиот граѓанин?

Но, уште поважно од тоа е: Какви ефекти за Македонија донесоа овие скапи патувања?

Пендаровски за свој главен настан го имаше обраќањето на Генералното собрание на Обединети нации (на кое се чини најмалку зборуваше за Македонија и нејзините проблеми), а таму врачи и орден на ОН како израз на нашата благодарност за поношта која светската организација ја дала на Скопје како помош по земјотрес во 1963 година. Тој се сретна и со нашата дијаспора, во видни бизнисмени, а присуствуваше и на свечена вечера во организација на непрофитната организација „Македонија 2025“. На вечерата, нашите сонародници од дијаспората собраа милион долари коишто во наредниот период ќе бидат искористени како поддршка за млади таленти, поддршка на бизнис лидери, на компаниите во Македонија…Таму го одликува и главниот извршен директор на „Боинг“, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“.

Се сретна и со други соговорници, за што се објавуваа и фотографии. Се сретнуваше и неговата сопруга, за што секако имаше исто така објава на фотографии…

Ковачевски, пак, се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со американскиот дипломат Габриел Ескобар, се саде политичари со кои често се сретнува и во Европа, па и во Македонија. Се сретна и со управниот директор во групацијата „Блекстоун” Џасвиндер Каира… Имаше и средба со претставници на Светската банка на којашто се разговарало за реализација на проекти вредни 800 милиони евра…

Со нив беа и министи, разни помошници, административци…  

Инаку, македонскиот премиер и во мај годинава беше во повеќедневна посета на Њујорк и Вашингтон по која остана енигма колку чинел престојот на неговата сопруга и децата за кој тврдеше дека е приватно платен.

Што конкретно фајде од сето ова ќе има Македонија? Односно, прашањето е дали многу повеќе пари се потрошија за толку бројни делегации отколку што ќе вредат ефектите од повеќедневниот престој и средбите коишто ги имале таму?

Навистина, беше ли толку неопходно во исто време да патуваат и шефот на државата и премиерот со толкави придружби во стуација кога од сите страни во државата се апелира да се намалат непотребните трошоци со цел парите да се употребат за нешто поважно? 

Ама па, може овие патувања се најважното нешто во моментов? Ако е така, тогаш останува уште само Пендаровски и Ковачевски детално да објаснат што беше тоа најважното – неопходното.

Претходна вестУбиство во Кочани: Маж со четириесетина убоди со нож усмрти жена
Следна вестАлбанските инвестиции во странство со нов рекорд, Македонија се уште чека на инвестиции