Бисера Костадиновска – Стојчевска: Ќе се видиме на суд со Данела Арсовска

Најава дека ќе ја тужи скопската градоначалничка Данела Арсовска за изречена клевета соопшти денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа реагира на вчерашната конференција за печат на Арсовска која ја обвини министерката за култура дек „знаела за пожарот, но не го пријавила веднаш“

-Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска.-Обвинувањата не заслужуваат внимание бидејќи се измислена приказна. Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Министерката во моментов не може да каже зошто се запали салата и дека наскоро МВР ќе излезе со детали.

-Граѓаните не треба да се сомневаат, ниту да имаат страв дека Бисера или било кој друг од Министерството за култура направил упад во системот за јавни набавки. Универзална сала е осигурана и ќе им биде вратена на граѓаните. Салата не е личен имот на Данела Арсовска. За објектот одлучуваше Советот на Град Скопје. Ако тие одлучат, тогаш тоа е процес на кој што не можеме да влијаеме, заклучи министерката.

Претходна вестТераа парламентарна кампања и до сега, ама од утре е и официјално
Следна вестНародна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто