Ковачевски ги соопшти имињата на новите министри од СДСМ

Централниот комитет на СДСМ ги прифати предлозите на новиот мандатар Димитар Ковачевски за идниот владин кабинет. Ковачевски вечерва ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води партијата.

Станува збор за Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија, а понатаму следат, Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Никола Тупанчевски, министер за правда, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, Јована Тренчевска, министер за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Според Ковачевски, предлозите за нови министри и предлог-владината програма тој ќе ги достави до парламентот уште во текот на утрешниот ден.

Фокусот на Владата, како што најави ќе биде економијата и подобрување на стандардoт на граѓаните, како и справувањето со електро-енергетската криза.

Рече дека целата енергија е насочена кон финансиска поддршка и нови работни места.

Според него, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде над 500 евра, а во моментот се прават анализи за времето и висината на зголемување на минималната плата. Ковачевски рече дека не е планирано зголемување на даноците, а Владата ќе работи на поголема ефикасност и поголема борба против сивата економија.

Претходна вестОд полноќ повисоки цени на горивата
Следна вестВремето денеска: претежно облачно со врнежи од снег