Ковачевски го нема во техничката влада, ама тука е доверливиот Маричиќ

Владата е во оставка. Некои министри ќе бидат пак реизбрани и во техничката влада. Ама ќе го нема премиерот Димитар Ковачевски. Членови од владата веќе како да ја чуствуваат големата празнина која настана во Владата откако премиерот мораше да се збогува од функционерската фотелја.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, само со пофални зборови за својот шеф:

-Изминатите две години беа предизвикувачко и плодно патешествие во кое благодарение на премиерот Ковачевски државата не подлегна на енергетската криза и на заканите за ценовни шокови. Платите и пензиите пораснаа најмногу до сега. Успеавме да најдеме европско решение со Бугарија со кое почнавме преговори…, укажува Маричиќ.

Ама, сега мора да се тера понатаму и да се одговори – Како во наредниот период без премиеровата визија?

Еден одговор веќе е сервиран: во техничката влада на 28 јануари ќе има „значајна“ промена: на местото прв вице-премиер каде до сега беше Артан Груби, сега ќе биде токму Бојан Маричиќ.

Што да очекуваме од Маричиќ? Па сигурно ќе запне за да го надокнади ненадокнадивото отсуство на Ковачевски.

А и многу е веројатно дека, како и до сега, уште најмалку 100 пати ќе каже; „Мора да го смениме уставот“ и „Ќе влеземе во ЕУ до 2030 година“.

Претходна вестНајмалку 20 Палестинци загинаа, во израелски напад додека чекале ред за храна
Следна вестЛевица: Железницата е во колапс, со месеци се толерира катастрофалното работење на директорот Демири